Директно од Милано, ви ја претставуваме новата колекција на Прада, наменета за мажи. Колекцијата се однесува на пролет-лето 2012. Како и секогаш италијанскиот бренд ги носи новостите кои подоцна се прифатени од сите останати модни брендови.
Во прилог ќе ви понудиме фотографии од модната кампања на Прада, во која мажот е претставен во стилот на 60-те. Цветни, шарени дезени на кошули кои се ставени внатре во панталоните кои се тесни и ја пратат линијата на телото. Шарени марами, цветови и гитара… романтиката на момчето од Хаваите е одлично доловена.За оваа кампања е ангажиран актерот Мајкл Пит.








