Ова е вкусен десерт кој се подготвува многу брзо и лесно. Ви треба само желба и креативност за декорација.
Подготовка:
Готовите ролати исечете ги на парчиња со дебелина од еден цм. Сварете го пудингот во млеко и додадете шеќер по вкус. Во ладниот пудинг ставете го маргаринот и додајте кокос и чоколада. Сето тоа убаво измиксирајте го. Потоа на една подлога редете од ролатот, па филот, па одозгора бисквити натопени во млеко, банани, фил, ролат, и на крајот украсете со шлаг. За декорација употребете ја имагинацијата. Нека ве инспирира новогодишната енергија која веќе ја има во нашите домови.
Потребни состојки:
– 2 готови ролати (365 гр)
– 1 л млеко
– 4 пудинга од ванила
– 200 гр маргарин
– 100 гр кокос
– 100 гр рендана чоколада
– 300 гр бисквити
– 3 банани
– 3 кеси шлаг


