Големите козметички куќи постојано се во трка, па се ндаминуваат едни со други. Смислуваат апчиња кои ќе ги испеглаат брчките, апчиња од кои седата коса ќе биде минато… Овој пат работите отидоа толку далеку што се работи на случајот да се произведат парфем во форма на апчиња. Не се работи за шишенце во форма на апче, туку апче кое се пие и парфемот се растекува по целото тело. Ќе финкционира на принципот испуштање на мирисни молекули кои ќе излегуваат преку порите додека се потиме. Тоа значи дека кога ќе се потиме, потта ќе ни мириса на парфем.
Јачината на мирисот ќе се разликува од човек до човек. Интензитетот на “парфемот” кој ќе го испуштате ќе зависи од температурата, стресот на кој сте изложени, физичката активност…
Да видиме дали ова волшебно апче нашата пот ќе ја претвори во мирисна вода. Доколку успее… ќе биде најпродаван производ:)
