ШоуБиз

Адам Ламберт се степал со дечко му пред геј клуб!

Aмериканскиот идол Адам Ламберт (29) и неговиот дечко од Финска биле уапсени пред еден геј бар во Хелсинки.

Двојката сеуште е во притвор по инцидентот кој се случил вчера во раните утрински часови. Според медиумите, Адам и телевизиската ѕвезда Саули Коскинен (26) се забавувале во геј барот „Don’t Tell Momma“ пред да избие големата кавга, која на крај завршила со тепачка.

Присутните се обиделе да ги разделат, но Адам ги нападнал и нив. Била повикана полиција, која двајцата нервозни љубовници го однела во различни полициски станици и сеуште се чека на извештајот за да се види што точно се случило и кои се причините за жестоката расправија.

Write A Comment