ШоуБиз

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се свршија?!?

Дали Бритни Спирс повлече нога? Сега, се зборува дека и Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се свршиле. Медиумите на широко се распишуваа за предлогот на Џастин за време на предпразничниот период, на кој неговата девојка на драго срце одговорила со „да“.

Понудата за брак се случила минатиов викенд додека парот престојувал во еден хотел со пет ѕвезди во Вајоминг.

Многу луѓе блиски на парот на своите Твитер и Фејсбук страни им ја честитале идејата за брак на младите и згодни актери, но нивните портпароли сеуште не излегле со официјална изјава пред медиумите.

Џесика Бил и Џастин се во врска од 2007 година со мали прекини. Па, да им честитаме?

Write A Comment