Богатата наследничка Парис Хилтон ја навикна јавноста на своите глупости и неумесно однесување. Многу добро познато ни е дека таа обожава домашни миленици и кич гардероба, но никој од неа не очекуваше дека ќе се слика за насловна страна во вакво скандалозни издание. Сепак, таа е вистинска наследничка и за жал, се гордее со тоа…
Да не замеруваме, но Парис не потсети што беше тоа кич и невкус. Богатата наследничка на ланец хотели обожава злато, накит, светки и домашни миленичиња, а нејзините љубови, фотографите на списанието „Vanity Fair“ ги претвориле во насловна страна.
Сликата доби доста негативни коментари, а за нејзиниот невскус се коментира и по сите интернет блогови.

