ШоуБиз

Мадона си носи вино кога оди в ресторан! :)

Една од најбогатите жени на планетава и најпозната меѓу пејачите е неверојатно разгалена. Иако поминала низ многу работи во животот, тоа не ја научило на скромност и самоконтрола.

Според американските медиуму, Мадона заедно со својот дечко Браим Заибата била на романтична вечера во еден ресторан во Њујорк. Приказнава воопшто немаше да биде интересна, ако во еден момент, Мадона не се оддала на својата параноја.

Од својачата чанта извадила шише црвено вино и две кристални чаши, на што сите присутни се изненадиле и почнале да реагираат.

– Си турија вино во чашите и потоа шишето повторно си го ставија во торбата за никој да не види што направија. Кога завршија со вечерата и чашите си ги зедоа со себе, – изјавил еден очевидец во ресторанот.

Инаку, Мадона е позната по тоа што пие само светена Кабала вода. Може и виното е светено?!

Write A Comment