Во последно време добро оформените, дебели веѓи се вратија трајно на модниот подиум и лицата на манекенките, холивудските звезди и сите со усет кон модата. Тие не само што ги потенцираат убавите очи но и ве одалечуваат од фолк стереотипот, каде веѓите се или многу тенки или воопшто не постојат и се нацртани со молив или тетовирани. Да не зборуваме за формите од запирка до полукругови, што придаваат на сопственичката на вакви веѓи вечно зачуден изглед. Според мејкап експертите, дебелите и добро оформени веѓи го зголемуваат визуелно окото.
