ШоуБиз

Марк Ентони и Џеј Ло во битка за децата!

Потврдено е дека Марк Ентони одлучил да се бори со Џенифер Лопез за старателство над нивните две близначиња.

Иако неодамна паднал интерен договор помеѓу Марк и Џенифер околу чувањето на децата, американските медиуми пишуваат дека сега Ентони одлучил да тргне во битка по старателството. Според стариот договор, децата повеќето време го поминувале со мајката.

Се претпоставува дека одлучувачки за овој чекор на Ентони е врската на Лопез со помладиот танчер.

–          Тоа многу го вознемири Марк и откако ги виде сликите реши да се бори за старателство над децата. Беше доста бесен што Џеј Ло веднаш си најде нова љубов, – биле зборовите на еден познаник на латино пејачот.

Write A Comment