ШоуБиз

Сезона на свршувачки!!! И Холи Валанс ќе скока в тавче! Ама со билионер :))

Австралијанската пејачка и актерка Холи Валанс не може да се собере од среќа откако нејзиното момче билионер Ник Кенди ја запросил. 38-годишниот Ник клекнал на колена на плажа на Малдивите со зборовите „Дали ќе се омажиш за мене“ испишани со оган.

Двојката отишла на Малдивите на претпразничен одмор, кој кулминирал со понудата за брак. Холи веднаш ставила слика на Твитер и возбудено напишала:

–          И јас реков ДА! Најсреќниот ден во мојот живот!!!

Блиски извори тврдат дека парот е многу заљубен и дека се како создадени еден за друг. Сите се радуваат за овој брак. Холи и Ник се заедно од 2009 година, кога се запонале на една забава кај заеднички пријател.

Write A Comment