Американскиот пејач Адам Лаберт (29) пред два дена беше уапсен поради тепачка во јавност со својот дечко Саули Коскинен (26) во Хелсинки, пред еден геј бар. Парот најпрво почнал жестоко да се кара во барот, но потоа кавгата која се претворила во тепачка продолжила пред ноќниот клуб.
Двајцата биле однесени во ралични полициски станици, но за кретко време биле ослободени. Адам Ламебрт веднаш се огласил на својот Твитер пишувајќи дека се работи за пијана состојба и непотребна кавга, по која Ламберт си ја научил лекцијата. Следниот ден тој и Саули излегле на ручек и се “опетале” од смеа за кавгата која излегла од контрола.

И Саули веднаш се јавил со статус во кој пишувало:
– Да се биде јавна личност не е лесно. Но, и славните луѓе се само луѓе. Љубовта не е лесна, но трае засекогаш!
