ШоуБиз

Дајдо го родила првото дете – син, на 40 години!

Британската пејачка стана мајка на некколку денови пред да ја наполни 40-тата година.

Дајдо соопштила дека родила здраво машко дете. За неа и за нејзиниот сопруг, сценаристот Роан Гевин, ова е прво дете. Инаку, детето е родено уште во јули, но никој не знаел од причина што Дајди досега не се огласила по повод својата бременост и породување.

Пред неколку месеци, таа го откажа присуството на доделувањето на Оскарите бидејќи дознала дека е бремена.

Детето се вика Стенил, а британските медиуму коментираат дека ова е е доста „необичен“ избор, ако се земе во предвид фактот дека пред 11 години, Дајдо ја сними песната „Стен“ заедно со раперот Еминем. Во песната се работеше за опседнат фан кој се убива себе си и својата девојка бидејќи неговиот идол го изигнорирал.

Write A Comment