Мојата кујна

Buche de Noel

Сите ќе се сложиме дека не постојат новогодишни и Божиќни празници, а на вашата трпеза да го нема неговото височество ролатот.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

ЗА КОРА

  • 6 јајца
  • 80 грама шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • Кора од 1 портокал
  • 60 грама црно чоколадо
  • 50 грама пченично брашно
  • Половина лажичка прашок за печиво
  • 30 грама густин

ЗА ФИЛ

  • 2 шлаг креми
  • 200 милилитри млеко
  • 100 грама путер
  • 50 милилитри сок од портокал

ЗА УКРАСУВАЊЕ

  • 100 грама марципан
  • 50 грама шеќер во прав

Подготовка:

Кора

Одвојте ги жолчките од белките. Од белките и шеќерот изматете цврст шлаг. Жолчките измешајте ги со останатиот шеќер, ванилиниот шеќер, ренданата кора од портокал и стопеното чоколадо, мешајте додека не добиете убава пенасата маса. Спојте ги двете двете смеси и додадете ги прашокот за печиво густинот. Плехот обложете го со хартија за печење и печете ги корите на 180 степени од 10 до 12 минути. Откако ќе се испече додека е топла кората заролајте ја, и со помош на виљушка повлечете линии како би добиле ефект на „кора од дрво“  малку одмотајте ја и оставете ја да се олади додека го приготвувате кремот.

Крем

Шлаг пената и млекото миксирајте ги околу 3 минути. Додадете ги предходно стопениот путер, сокот од портокал и продолжете да миксирате околу 2 до 3 минути.

За украсување

Марципанот помешајте го со шеќерот во прав и потоа обликувајте мали печурки или други природни облици.

Уживајте!!!

Write A Comment