After Midnight

Најдобриот подарок за него e…

Помеѓу сите подароци кои можете да ги подарите на саканиот човек, има еден, што со гаранција ќе го зарадува. Се разбира станува збор за секс!

Не е потребно да правите ништо поразлично од она на кое веќе сте свикнале, но важна е самата идеа дека ќе го изненадите.

Сепак најдобро ќе биде да си купите нова сексипилна долна облека специално за празнициве и неговото изненадување. Уште по оргинално ќе биде ако врзете преку своето тело панделка и така ќе бидете супер жив подарок.

За да биде вистинско изненадување треба да го одберете моментот кога тој воопшто не ве очекува. Добар момент е додека е во бањата или другата соба. Запалете неколку ароматни свеќи за подобро расположение и седнете така облечена на креветот во некоја секси поза.

По храбрите дами можат да организираат и домашен стриптиз. Овде предизвикот е да не се срамите, да бидете уверена и без трема да ја соблекувате облеката полека. Последна задача – пред да го изведете ова направете  една проба предходно! Успех!

Write A Comment