Образите имаат многу важна улога во убавината на една жена, а Тамара Еклстон тоа би требало најдобро да го знае. Славната богаташка избрала еден поинаков начин за да си го промени имиџот.
Петра Еклстон го прослави својот 23-ти роденден во друштво на својот сопруг Џејмс Стант во еден лондонски ресторан, а заедно со нив славела и сестрата на Петра, Тамара.
Во прв план на сите слики дошле необичните образи на Тамара. Таа си ги променила образите и тоа на полошо. Од секогаш таа имаше дебели образи и баш ѝ беа симпатични, но овој пат доста ги задебелила и потемнила, така што неверојатно се разликуваат од нејзината целосна физиономија.
Бидејќи се сликала со сестрата која има доста светли и слаби образи, целата ситуација изгледала уште потрагична. Проценете и сами.
