ШоуБиз

Вработена ја тужи Гага оти била скржава за пари :)

Џенифер О’Нил тврди дека додека работела за Лејди Гага била третирана буквално како роб.

Поради таквиот однос, поранешната асистентка на Гага се решила да поднесе тужба против компанијата која стои позади успехот на пејачката. Навосно, Џенифер работела и повеќе од нормалното работно време, а за тоа не добивала никаков надомест. Одлучила да си го побара по судски пат.

О’Нил наведува неколку од работите кои ги правела за Гага, како на пример, дека ѝ носела пешкир откако ќе се избањала и дека постојано се грижела Гага да не задоцни на закажаните места, односно ѝ служела на Гага како потсетник или аларм часовник. Насекаде ја следела пејачката, била нејзина сенка.

Џен бара 380.000 долари за сработените 7.168 екстра саати за време на 13-те месеци додека работела за пејачката.

Write A Comment