Основно правило при шминкањето е да ги истакнете убавите работи, а да ги скриете недостатоците. Бпрочем затоа и се користи шминката. За да ја истакнете убавината на вашите очи, потребно е правилно да ја одберете вистинската боја на сенки кои најмногу одговартаат на вашата боја на очи. Со вистинската нијанса може да ги истакнете вашите очи.
Сини очи
Користете сиви, розеви, сребрени, виолетови. Карамел и златни нијанси на сенки за очи. Доколку користите сини сенки за очи, тоа нека бидат потемни нијанси кои ќе ја истакнат дополнитело бистрината на светло сините очи.
Зелени очи
Преку ден, нагласете ги со кафена, портокалова, светловиолетова и златна нијанса на сенки за очи. За вечерните излегувања користете темна нијанса на виолетово, зелена, или кафена боја на сенка за очи.
Кафени очи
За дневните шминки користете топли праска тонови, боја на шампањ, и светло кафени тонови. За вечерните излегувања користете темно зелени, темно кафени сенки во комбинација со златни и сребрени нијанси.
