Чоколадата и какаото многу често се употребуваат во козметиката. Какаото содржи многу моќни антиоксиданти, витамини А и Е и полифиноли неопходни за убавиот и млад изглед на кожата. Чоколадната козметика има силен хидратантен ефект, ја храни кожата, ја регенерира и има анти-ејџ ефект.
На 50 гр растопена темна чоколада додадете една лажица масло од кокос, што ќе го најдете во сите аптеки и не е скапо, не повеќе од 100 ден. На тоа се додава и една лажица мед и една лажица слатка павлака. Откако ќе се излади смесата нанесете ја маската на чиста и сува кожа, заобиколувајќи ги очите. Топлината го удвојува ефектот на маската. Најдобро е да ја нанесете маската и на вратот и деколтето. Се остава да делува 20 минути, а после тоа се измива со потопла млака вода. После миењето не треба да нанесувате крем, зошто чоколадата ја снабдува со се што и е неопходно на кожата.
