Art & Crafts

Чудата кои ги прави пастата за заби

Кога сакате да ги избегнете средствата за чистење од кои страдаат и вашите раце земете паста за заби.

Можеби не сте знаеле меѓутоа пастата за заби можете да ја употребите на многу начини да го исчистите својот дом, а при тоа да не го изложувате своето тело на јаки хемиски супстанции кои ја уништуваат вашата кожа и во исто време добивате  одлични резултати.

Рерна

Нема домаќинка која не се плаши кога станува збор за чистење на тврдокорните маснотии во рерната. Средствата кои ефикасно ги чистат рерните се полни со хемиски супстанци кои ги нагризуваат вашите раце а во исто време се и потенцијална опасност. Што да направите? Пробајте те го следното… помешајте паста за заби со малку вода, загрејте ја водата, потоа натопете крпа со оваа мешавина и пребришете ја рерната. Ќе бидете изненадени од резултатот.

Полира сребро

Ставете малку обична паста за заби на сува крпа и со неа истрлајте ги сребрените предмети во вашиот дом. Среброто ќе го врати стариот сјај.

Чисти хром

Можеби се прашувате како пастата за заби ќе ги исчисти хромираните славини кога пастата е таа која остава најмногу бели дамки. Можно е… ставате малку паста на сува крпа и добро истрлајте ги сите славини во домот. Не само што ќе ги снема сите флеки туку и каменецот собран на истите. Славините ќе блеснат и ќе изгледаат како нови. Истото можете да го сторите и со мијалникот во кујната, ќе бидете изненадени.

Write A Comment