ШоуБиз

Бибер му подарил на другарот кабриолет! И јас сакам таков другар!

Џастин Бибер кој моментално тежи околу 54 милиони фунти посакал да сподели дел од неговото богатство со најблиските пријтатели и роднини во Канада.

Додека бил во својот роден град Стратфорд, Онтарио за Божиќ, Бибер на својот пријател од детството му подарил бел Мустанг кабриолет. Џастин растел заедно со својот другар, а еден период бил и под закрила на неговите родители додека мајка му Пати не можела да го прехрани со парите кои ги заработувала.

Рајан Батлер денес споделил слика со новата кола под која пишувало:

–          Џастин ми даде подарок!

Се вели дека Бибер потрошил 30.000 фунти за скап часовник Шанел, кој неодамна ѝ го подарил на својата девојка, Селена Гомез.

Write A Comment