Убавина

Пилинг маска од кафе

Уште неколку дена до лудата ноќ. Спремањата веќе одамна почнаа. А вам ви е потребен добар пилинг на лицето.  Пилинг маска од кафе е еден од оние кои даваат најдобри резултати. Кафето за многумина е најомилениот пијалак без кој не се функционира. Но малкумина знаат дека од талогот од кафето, ако не сте ставиле шеќер, може да направите одличен пилинг кој ќе неверојатно ќе го освежи  вашето лице?

Позитивните ефекти кои ги нуди кофеинот доколку е во номрални количини ни се на сите познати но малкумина знаат како кофеинот делува врз кожата. Имено кофеинот е еден од најдобрите супстанци за пилинг на кожата, бргу се апсорбира во кожата и ги отстранува токсините.

СОСТОЈКИ

• 1 голема лажица талог од кафе

• 1 мала лажица мед

• 1-2 големи лажици од вашето омилено млеко за чистење на лицето

ПОДГОТОВКА

Измешајте ги процедениот талог и медот во помал сад. Додадете го млекото или тоникот за чистење на лицето.

Нанесете ја смесата на лицето и вратот. Потоа, со влажни дланки и со кружни движења, впијте ја маската во кожата. Оставете да дејстува 10 минути. Кофеинот ги отстранува токсините, го смалува капиларното црвенило. Медот ја регенерира кожата и ја прави помека.

Избришете ја кожата со чист пешкир.

Write A Comment