Направете прекрасни мали снешковци од старите чорапчиња. Поминете го времето со вашите најмили во креативна изработка на слатки снешковци кои ќе го красат вашиот дом во празничните денови.
Најпрво земете старо бело чорапче со „компирче“и исечете го над петата.
Потоа едниот отвор на чорапчето затворете го со помош на ластик и превртете го така што делот со ластикот да остане од внатрешната страна.

Наполнете го чорапчето со ориз.
Потоа земете едно шарено чорапче и пресечете го на два дела.
Со врвка или коноп стегнете ја формата на средината така што ќе ја обликувате главата и телото на снешкото.

Другата половина од шареното чорапче (онаа со прсти) со помош на врвка или коноп врзете ја на едната страна, обликувајте ја капата и навлечете ја на главата на снешкото. Врвот на скршената чепкалка за заби премачкајте го со портокалова боја и забодете ја на главата на снешкото за да го направите носот, а очите залепете на соодветно место под капата.


Снешкото е готов и спремен да ви го разубави домот 🙂
