Подгответе го дома овој омилен пијалок кој може да ве згее во овие студени денови. Рецептот е многу едноставен, само треба да внимавате виното да не врие многу бидејќи тогаш го губи својот оригинален вкус и арома.
Потребни состојки:
– 3 портокали
– 1 л црвено квалитетно вино
– 100 мл рум
– 2 стапчиња цимет
– 100 гр шеќер
– неколку каранфилчиња
– малку анасон

Подготовка:
Најпрво измијте го едниот портокал и со помош на нож излупете ја лушпата но спирално. Остатокот од портокалот исецкајте го и ставете го во садот во кој ќе го греете виното. Останатите два портокали само излупете ги и исцедете ги. Сокот заедно со виното ставете ги во садот за варење во кој ги ставивте парчињата портокал. Додајте ги зачините и шеќерот. Мешајте повремено и пазете да не зоврие.

Вареното вино процедете го и ставете го во чаши. Декорирајте со стапчиња цимет и спирално исечената кора од портокал. Послужете додека е топло!
