Шимпанзито Чита од филмот Тарзан почина на 81 година.
Управата на резерватот за животни „Санкоуст“ на Флорида соопштила дека популарниот мајмун Чита починал на 24-ти Декември, поради откажување на работата на бубрегот.
Чита се прослави по филмот со Тарзан уште во 30-тите години од минатиот век. Во истиот филм играше и американскиот олимписки шампион Џони Вајсмилер. Мајмунот бил сместен во горенаведениот резерват уште во 1960 година, каде постојано бил главна атракција.
Инаку, Чита бил многу комуникативен, уживал да го сликаат и сакал да ги засмева луѓето кои доаѓале да го гледаат.
