Милиони фунти се потрошени на луксузна храна, пијачки и огномет на Карибите. Бендот „Red Hot Chilly Peppers“ ќе забавува околу 300 гости на јахта на шест катa. Кој го може сето тоа, ако не Роман Абрамовиќ?
Луксузната забава ќе го чини рускиот милијардер скоро 5 милиони фунти, бидејќи тој сака овогодинешната забава да биде подобра од таа лани. Абрамовиќ, кој е сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, ќе ужива во забавата додека неговите играчи ќе се подготвуваат за натпеварот со Астон Вила на 1-ви Јануари. Тој закупил и дел од плажата на Карибите.
Сите поканети добиле гламурозни честитки, а дрес кодот е островски, но елегантен. Обезбедувањето ќе се погрижи на јахтата да стапнат само поканетите гости.


