ШоуБиз

Марк Џејкобс и екс-свршеникот на плажа cо неверојатнo мускулести тела!

Овој светски познат дизајнер во 2007 година доживеа драматична трансформација, кога ослабе јадејќи само вегетаријанска храна и вежбајќи по два саати дневно, секој ден. Денес, на 47-годишна возраст тој сеуште изгледа совршено, а пред некој ден е забележан на плажата на францускиот остров Сент Бартс заедно со својот поранешен свршеник Лоренцо Мартоне.

И двајцата атлети изгледаат феноменално во костимите за капење, а по оваа прошетка многумина искоментираа дека поранешните љубовници можеби повторно ја обновиле врската. Нив им се придружила и стилистката Рејчел Зои со свoите деца.

Инаку, геј двојката ја објави својата свршувачка во март, 2009 година, а по година и нешто свршувачката беше раскината. Сепак, сликите кажуваат нешто сосема поинакво!

Write A Comment