Малку му беше раперската кариера, па сега сака да заплива длабоко во дизајнерските води.
Кание Вест се решил засега да се пресели во Лондон со цел модниот свет посериозно да го сфати како дизајнер. Тој, во октомври оваа година, премиерно ја прикажа својата женска модна линија и марка попозната како DW, за време на париската модна недела.

34-годишниот рапер веќе го тестираше теренот преку Атлантикот и финалната одлука била преселбата во Лондон. Тој моментално е во потрага по студио во Лондон, а се подготвува и за париската модна недела во март. Бара и модели кои би биле соодветни за неговата модна линија.
Кание засега соработува со Најк и со Луј Витон. Ова е дел од неговата деби ревија:


