Убавина

Најважни витамини за здрава и убава коса

Недостатокот на витамини е одговорен за пукање, опаѓање и крутост на косата. Најдобар начин да ја заштитите својата коса не се препаратите кои ги нудат козметичките компании туку здравата исхрана која ги содржи следните витамини битни за убава и сјајна коса.

PANTOTENSKA Киселина ( B5) – Многу важен витамин кој го спречува опаѓањето на косата. Б5 го има во житариците, пивскиот квасец и жолчката од јајцата.

Витамин А – Антиоксидант кои помага во создавање на здрава подлога на кожата на главата. Најмногу го има во рибиното масло, месото, сирењето, јајцата, спанаќот, брокулата, зелката, кајсиите и праските.

Витамин Ц – Помага во одржување на здравата кожа и коса. Го има во сите овошја и зеленчук.

Витамин Е – Помага за поголема циркулација на крв на кожата на главата. Го има во мешункастите растенија, ораси, грав… меѓутоа пазете на овој витамин да биде во дозволените граници зашто тој е највиновен за зголемувањето на крвниот притисок.

NIACIN (B3) – Го има во пивскиот квасец, риба, пилешко месо, мисиркино месо, дозволената дневна доза е 25 милиграми. Тој е витаминот кој доведува до поголема издржливост на вашата коса. Не дозволува пукање на врвовите на вашата коса..

Витамин B6 – спречува опаѓање на косата и помага во создавање меланин, кој на косата и дава боја и сјај. Го има во пивскиот квасец, црниот дроб, интегрални житарки, овошјето.

Витамин B12 – Го спречува опаѓањето на косата, присутен во рибиното малсо, пилешкото месо, јајцата и млекото.

 

Write A Comment