Sweet Home

Собата на вашето новороденче – неговиот свет

Вашето најмило е на пат да дојде на овој свет. Посакајте му топло добредојде во неговата соба која ќе биде неговиот свет во првите неколку месеци.

Нека овие прекрасно дизајнирани соби за новороденчиња ве инспирираат да го направите најдобриот избор за најважната личност во вашиот живот.

Подарете му ги најубавите сништа на вашето најмило во прекрасна модерна соба во која ќе ги доживее првите сеќавања и чувства.

Внимателно одлучете се за боите кои ќе доминираат. Нека бидат нежни, пастелни бои кои во комбинација со покривките и завесите ќе внесат мир и топлина. Добро размислете и за позицијата на креветчето. Дали да го поставите во средината на собата или пак до ѕидот. Сè во интерес на удобноста на вашето најмило.

Write A Comment