Овој модел на Порше е спортски автомобил што се произведуваше од 1953-1956. Спајдерот беше претставен на Авто-Шоуто во Парис во 1953 година
Спајдерот беше направен со ниско тежиште како би бил подобар за тркање. Толку бил спуштен што можел да се вози дури и под рампи на патарина.

Ова порше имало 135 коњски сили и развивало до 220 km/h (што за тоа време било солидно). Инаку овој автомобил е неславно познат по тоа што во 1955 Џејмс Дин загина во сообраќајна несреќа возејќи го токму овој модел на Порше.


