Ако го земеме во предвид фактот дека пред само еден месец жена му ги поднесе документите за развод, би претпоставиле дека Ештон Качер ќе биде осамен за Божиќ. Сепак, иако не бил со Дели Мур, Качер го поминал празничниот период со жена што наликува на неа.
Папараците го забележале во Италија, заедно со Лорен Скафариа и со неговиот пријател Метју Мазант. Иако, според статусот под сликата на Качер и двајцата му се сaмо блиски пријатели, се шпекулира дека тој се плетка со Лорен уште од февруари.
Се запознале кога Ештон требало да глуми во филм кој Лорен го напишала и почнале да се гледаат додека и двајцата биле во врска со други луѓе. За божиќната ноќ биле забележани на романтична вечера во Пиза.

