Родителите на мајката на Џастин Бибер, Дијана и Брус Дејл биле дел од сериозна сообраќајна несреќа, од која дедото на Џастин преживеал, но со неколку скршени ребра. Бабата е во подобра физичка состојба.
Овие вести ги дознаваме од Твитерот на мајката на Џастин. Пишува дека колата се превтила и завршила во некој ендек, но Пети му се заблагодарува на Господ што тие се сеуште живи.
Откако фановите на Џастин разбрале за несреќата веднаш понале да му изразуваат сочуство, и да му нудат помош во случај нешто да му затреба. Тој сеуште се нема огласено на својот Твитер по повод несреќата.
