ШоуБиз

Кристијано Роналдо ја замени свршеницата со делфин :))

Иако дома си има прекрасна свршеничка која е светски познат супер модел. Кристијано Роналдо одлучил друштво да му прават неколку лигави морски пријателчиња.

Фудбалерот на Реал Мадрид е забележан во Дубаи како плива заедно со неколку делфини, од кои веднаш постирал слика на својот блог. На сликата, Кристијано ги држи перките на делфинот и ужива во играта со него.

–          Денес доживеав нешто фантастично. Пливав со делфините и неверојатно е како тие брзо се поврзуваат со луѓето, – напишал под својата слика.

Поводот за посетата на Дубаи е шестата Интернационална спортска конференција, каде делел автограми на своите фанови.

За тековните празници тој и неговата свршеница се разделени од причина што и двајцата засега им даваат предност на работните обврски пред интимните празнични уживања.

Write A Comment