Bandage фустаните станаа заштитен симбол на сите оние девојки кои знаат да се забавуваат на гламурозен начин. Припиени на телото, го истакнуваат најдоброто од женската фигура, со сета жештина која ја носат со себе овие фустани стануваат се популарни кога сакате да се покажете во освежено издание.
За идната година колекцијата Мах се осврна токму кон оние жени и девојки кои сакаат да бидат посебни, самоуверени, сигурни и наизглед доминантни. Сексапилноста и убавината се основите на оваа извонредна колекција, полна со јак колорит, суптилна припадност, кон една младост за која жените потстојано сонуваат.










