Драстичните промени на изгледот во 2011 година не изостанаа. Според многумина само храбрите се оние кои сакаат да пробаат нови стилови, експериментираат со својот изглед…
Кои беа оние кои беа доволно храбри и ги направија најголемите промени во стилот во 2011 год…
Emma Stone – На почетокот на 2011беше типична плавуша, но набрзо потоа стана црвенокоса и како што изјавува „Се чувствувам поубава од кога и да е!!!“

Katy Perry – Плавото и стана досадно и се одлучи за розовото. Браво Katy !!!

Drew Barrymore – Уште една на која плавата коса навистина и здосади, па се сврте кон темно смеѓа коса со длабок црвен отсјај.

Ginnifer Goodwin – Одлучи да престане да си игра со кратката коса и си најде нова играчка… ептен кратката коса J.

Dianna Agron – многумина не ја препознаа по нејзината промена на стилот. Таа од лепотица стана заводничка.

Evan Rachel Wood – Од кога ја смени фризурата како да е друга личност.

Jennifer Aniston – Најсекси жената за 2011 по долги години долга коса, одлучи да ја скрати… коментар не е потребен!!!

Scarlett Johansson – познатата плавуша стана црвенокоса за потеребите на филмот кој го снимаше… и таква остана… црвенокоса!!! И повторно е прекрасна.

Rihannа – од кратка јако црвена коса до полудолга смеѓа. Rihannа се менуваше преку целата година.

