Меѓу повеќето модни тенденции за пролет и лето 2012 година се издвојуваат неколку основни што се однесува на шминката, на пример потполно отсуство на шминка по очите, задимен поглед или пак усни во јарки бои. Основното е што се избира само еден акцент од лицето. Ако тоа се очите ќе бидат само очи и ништо друго. Ако се изразени усните со јака боја, тогаш очите си остануваат недопрени, односно без ни малку шминка.

