Убавина

Солени купки за отстранување на задебелената кожа на петите

Задебелената кожа на петите и лактите е последица од притисок и триење, најчесто поради прекумерна тежина, статично нарушување на стапалата, носење на несоодветни обувки, а во поретки случаи и некои генетски заболувања или габични инфекции.

Со цел да се избегне задебелувањето на кожата на петите треба редовно одржување на кожата во тој дел. Солените купки (околу 2 супени лажици сол на литар вода) треба да се применуваат неколку пати во неделата, а потоа да се отстранат задебелените слоеви со турпија или камен за пети.

Потоа, нанесете на кожата производи кои содржат поголем процент на салицилна киселина или уреа. Може да се употребуваат и производи кои содржат пропилен гликол и дериватни киселини на витаминот А.

За здрава кожа на петите е потребно да носите удобни обувки. Најголемиот дел од современите спортски обувки имаат одлични анатомски коректори, меѓутоа тие ја зголемуваат можноста за развој на габи на нозете.

Во народната медицина, против задебелување на кожата се препорачува купка од коприва, невен, камилица, облоги од зелка и кромид. Сите овие производи делуваат хидратантно, па можат да се применат во негата, но во случај на поголеми наслаги на петите не можат да го решат проблемот.

Write A Comment