Борбата со брчките се водела, се води и ќе се води кој знае до кога, затоа ви предлагаме една полезна варијаната, со која да ја измазните кожата на лицето, но без помошта на скапите козметички препарати.
Продукти:
2 чаени лажици јаболков сок
1 чаена лажица лимонов сок
2 супени лажици полномасно пресно млеко
3 зрнца грозје без семки
1 супена лажица масло од рузмарин
Половина јаболко
2 белки
Приготвување:
Сите компоненти се обработуваат во блендер додека добро не се изедначи. Со помош на памук нанесете ја смесата на лицето и вратот. Почекајте сосема да се исуши и потоа измијте со млака вода. Повторете ја процедурата континуирано два пати седмично за најдобри резултати. Ако ви остане од кремот чувајте го во ладилникот, но може да се користи само во наредните пет дена.
