Мајбах е германски производител на луксузни автомобили којшто успешно работел до втората светска војна, па 50тина година не произведувал ништо, за да повторно се врати на голема врата пред 10тина години.

Мајбах Екселеро е спортски автомобил со високи перформанси којшто на јавноста и беше претставен во Мај 2005 во Берлин. Двоседот со 700 коњски сили има дупли V12 турбо мотор и има многу моќен изглед.

Овој автомобил од 0-100 забрзува за 4.4 секунди и постигнува максимална брзина од 350 km/h. Доколку сакате да го купите овој убавец , ќе треба да издвоите неверојатни 8 милиони долари… Така да и не е чудно што досега само еден ваков модел е продаден и тоа на хип-хоп могулот Birdman.



