Колекција модни додатоци за пролет / лето 2012.
Откако од H&M е објавено дека познатиот шведски синџир идната пролет ќе ја претстави соработката со реномираната италијанска модна куќа Marni, очите на љубителите на модата свртени се кон финалните производи кои би се родиле од ова несекојдневна соработка. Во духот на пријатно исчекување, денес ви ги претставуваме модните додатоци на куќата Marni, кои несомнено многумина би сакале реинтепретирани да се појават во амбициозниот пролетен проект на модната куќа H&M.
Препознатливиот стил на Consuelo Castiglioni и нејзината креативна екипа проткаен е со колекција додатоци за пролет / лето 2012, која како и секогаш обединува во себе мала уметничка промена со идеална количина од разиграност, давајќи на крајот единствен стил, многу поинаков од другите. Чантичките со потписот на Марни можеби и не се на самиот врв на култни ствари, но заштитниот знак низ годините наназад стана мешавина од моминскиот младешки дух и модернизмот. Во колекцијата за потопли денови користени се примероци од материјали карактеристични за 70 –тите, а со подеднаков временски retro-chic се одликуваат и чевлите, кои прават убав склад на фината кожа со скулптуралните облици.
Секако добро е и да спомне и модерниот накит по кој Marni подеднакво е познат, и истиот се препорачува и за идната сезона како постојан додаток за дневниот стајлинг, со своите смело комбинирани бои, кои ќе внесат живост и во најмонотоните пролетно – летни изданија.



























