Убавина

Кромидот е решението на многу проблеми

Кромидот содржи околу 150 различни состојки, а тоа го прави одличен сојузник во борбата со акните и сувата кожа. Карактеристичниот мирис му го даваат етеричните масла и органски киселини, како што се лимоновата и јаболковата киселина. Богат извор е на флавоноиди, што го прави одличен сојузник во борба со акните.

Освен за убава и здрава кожа, кромидот наоѓа примена и во негата на коса. Доколку имате проблем со опаѓање на косата тогаш би требало да го подготвите овој лосион. Две главици кромид, ситно исецкајте ги исцедете го сокот и помешајте го со пола литро ракија. Чувајте ја течноста 15 дена на умерена температура. Процедете и секогаш пред миење убаво истријте го коренот на косата. За да ефектот биде поголем оставете нека делува барем половина час.

Write A Comment