Има уште неколку денови кои ќе ни понудат уживање во вкусната и богата трпеза, а потоа следи периодот на детоксификација. Ова се неколку едноставни совети како набрзина да се ослободите од грдото сало на стомакот.
Испијте една чаша вино со вечерата
Иако алкохолните пијалоци се синоним за празни калории, сепак една студија покажа дека жените кои пијат по една чаша вино на ден полесно ја губат својата тежина. Причината за тоа е изгледа поради фактот дека жените јадат помалце кога пијат алкохол, но ова не важи и за мажите зошто кај нив е спротивно.
Стомачни правете со топка
Вежбајте стомачни, но употребувајте и топка за пилатес. Тоа ќе го зголеми ефектот од вежбите, па резултатот кој сакате да го постигнете ќе го постигнете во поскоро време.
Вежбајте брзо но силно
Докажано е дека оние кои вежбаат по 30 минути во денот губат многу повеќе маснотии од оние кои вежбаат и по 50 минути поспори вежби. Клучот е во интензитетот на вежбите.
Спијте барем седум часа дневно
Научниците докажаа дека сонот е идеален сојузник во борбата со вишокот на килограми.
Што повеќе јогурт
Секогаш кога сте во можност пијте јогурт. Тој ги топи калориите и маснотиите.
Јадете интегрален леб
Докажано е дека оние кои јадат интегрален леб имаат многу помалце масни наслаги од оние кои уживаат во белиот леб.
