Мојата кујна

Капри торта

Сочно, освежително и слатко…

Потребни состојки

За тестото:

8 белки

300 гр шеќер

1 лажица густин

1 лажица брашно

и една лажица пудинг од малина

 

За филот:

½ л млеко

200 гр шеќер

5 лажици брашно

8 жолчки

2 ванилин шеќер

250 гр путер

 

Овошен фил:

3 дл вода

300 гр шеќер

150 гр пудинг од јагода

300 гр црвено овошје (може и смрзнато)

Подготовка:

Убаво изматете ги белките, па потоа додадете го шеќерот додека не добиете цврст снег. Полека измешајте го густинот, брашното и една лажица пудинг од малина во прав.

Печете на 120 степени околу 30 минути. Кората не смее да е пресушена.

За жолтиот фил измешајте ги јајцата и брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и малку од млекото од кое се одвои пола литро. Потоа смесата ставете ја во врело млеко и варете неколку минути. Потоа оставете нека се излади.

Путерот пенесто изматете го, додавајќи му лажица по лажица од филот е се тоа убаво изматете го за да добиете убава еднолична смеса..

Овошен фил:

Од 300 гр шеќер одвојте 4,5 лажици и измешајте го со пудингот од јагода, додајте и 5,6 лажици вода. Остатокот од водата и шеќер ставете нека вријат. Сварете го пудингот во врелата вода со шеќер. На крајот додадете го и овошјето.

Кората премачкајте ја со жолтиот фил, а потоа нанесете од изладениот овошен фил.

Write A Comment