ШоуБиз

Елтон Џон сака Џастин Тимберлејк да го глуми!

Музичарот Елтон Џон за кој наскоро треба да почне да се снима биографски филм, изјавил дека неговиот лик сака да го игра Џастин Тимберлејк. Тој би можел и да пее во истиот филм, а со тоа поверодостојно би се прикажал ликот на Елтон.

–          Наскоро за сето ова ќе дадам и службена изјава. Сакам да ме глуми Џастин Тимберлејк, тој е мојот избор број 1, дефинитивно. Веќе сè е смислено, сценариото и сè останато. Ли Хол го напиша сценариото – изјавил пејачот.

Интересен е фактот што Џастин веќе еднаш го има глумено Елтон Џон, но во прилично кратка улога во филмот „Rocket Man“ на Дејвид ЛаШапелеј.

Write A Comment