Подгответе нешто ново за овој Божиќ. Ова е едноставен рецепт за колач кој ќе ве плени уште на првиот залак.
Потребни состојки:
1 шолја путер
1 лажица шеќер
1 шолја лебни трошки
3 лажици брашно
1 мала лажица сол
1 јајце
1 шолја млеко
2 реда чоколада за готвење
1 лажица ванила
1 шолја сецкани ореви
1 пециво
Подготовка:
Во длабок сад растопете го путерот и постепено додадете го шеќерот. Додајте ги јајцата и мешајте додека не добиете густа пенеста смеса. Ставете ги лебните трошки, брашното, пецивото и солта. Додадете го млекото. Потоа додадете ја растопената чоколада, ванила и оревите. Измешајте ја целата смеса и исипете ја во плех кој предходно го подмачкавте. Садот прекријте го со фолија. Пред да го ставите да се пече во рерната ставете сад со две шолји врела вода. Печете на тивок оган. Потоа со лажица извадете го колачот и послужете го со шлаг или сладолед.
