Мојата кујна

Штрудлата на баба

Неверојатно едноставно, а толку вкусно и прекрасно!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

ЗА ТЕСТО:

  • 500 gr. брашно,
  • 125 gr. маргарин,
  • 180 ml. млеко,
  • 40 gr. квасец,
  • 1 јајце,
  • шеќер.

ЗА ФИЛ:

  • 250 гр сомелено семе од афион,
  • млеко,
  • слатко од по ваша желба ( слатко од смокви, дуњи, грозје … )

ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ:

Семето од афион ставете го во сад, потоа ставете го млеко (млекото да го прекрие афионот) и варете  на тивок оган додека целото млеко не се впие во афионот. Вака подготвениот фил оставете го нека се олади, па потоа додадете 3 лажици од слаткото по ваш избор.

ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО:

Замесете тесто од  потребните состојки. Развлечете правоаголна кора од тестото и врз неа рамномерно распределете го филот. Кората завиткајте ја во ролна. Потоа пресечете парчиња со дебелина од еден сантиметар. Парчињата навалете ги едно на друго. Непечениот колач ставете го во тава за печење и премачкајте го со јајце во кое сте ставиле една лажичка шеќер (јајцето и шеќерот убаво изматете ги со виљушка). Колачот печете го во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 25 минути.

Испечениот колач можете да го посипете со шеќер во прав.

Уживајте !!!

Write A Comment