Убавина

Зашто омилениот парфем повеќе не ви се допаѓа ?

Најпрвo ве одушеви, едно време беше незаменлив а сега повеќе не ви се допаѓа… Причините  зошто тоа е така се малку а вие сигурно ќе ја пронајдете својата.

Стареење

Со стареењето се намалува чувството за мирис. Затоа жените со годините преферираат појаки мириси и парфеми.

Емоции и чувства

Многу студии покажаа и докажаа дека мирисите ги поврзуваме со одредени случувања во нашиот живот. Се сеќавате на преслаткиот мирис на колачите на баба? Од друга страна мирисот може да биде одбивен ако тој се поврзе со некои разочарување, нервоза или тага.

Бременост

Во текот на бременоста женското тело трпи огромни промени. Истражувањата потврдија дека хормонските промени кои се случуваат за време на бременоста, а најголемо влијание има естрогенот кој од самото зачнување на бебето забрзано се излачува а последица на тоа е нетолерирање на мирисите и вкусовите кои пред бременоста биле фаворити.

Претерување

Имате пријателка која користи ист парфем како вашиот. Таа го обожува својот парфем, па го нанесува во толкава мера што потполно ги засенува сите други мириси. Верувајте колку и да си го сакате својот парфем ќе ви се одмили.

Write A Comment