Motherhood

Најважни состојки на среќниот брак се…

Најверојатно сте слушнале барем десеттина мислења што е тоа што некој брак го прави успешен. Неодамнешното истражување покажало дека великодушноста е еден од клучните фактори за успешна врска, но и сексот е  битен, а тоа не може да се порекне.

Двојките кои се натпросечно великодушни во својата врска имаат пет пати поголема шанса да бидат среќни во бракот, кажува истражувањето. Задоволителниот сексуален живот е еден од поедините ствари кои  бракот највисоко го рангираат, но великодушноста е таа која придонесува за доброто согласување во спалната соба. Тоа значи дека великодушноста би можела да биде клучот за сексуалното задоволсвто и сеопштата среќа.

Според стручњаците  под великодушност може да се подразбере варење кафе за својот партнер, поклонување цвеќе или едноставно обраќање внимание на неа или него. Меѓутоа, она што му го давате на својот партнер или партнерка мора да биде тоа што тој или таа навистина го сакаат. Тоа покажува дека го познавате својот партнер и дека му обраќате внимание на оние ситни ствари кои му значат, изјавува за MSNBC Bradford Vilkoks, еден од авторите на ова истражување.

На пример, во колку вашиот сопруг или сопруга сака бело кафе, а вие направете горко црно, тоа не се смета за великодушност. Бидете великодушни во согласност со желбите на вашиот партнер.

Меѓутоа,  сексот и те како е се уште многу битен. Двојките кои  имаат добар секс имаат и до 10 до 13 пати поголема шанса да бидат во среќен  брак отколку тие кои сексот го сметаат за просечен.

Во ова истражување учествуваа околу  1.400 двојки, а околу 50 отсто  жени и 49 отсто мажи со високо ниво на великодушност во бракот рекле дека нивниот брак е среќен. Од друга страна само 14 отсто двојки кои рекле дека не се великодушни  еден спрема друг, сепак  оцениле дека имаат среќен брак.

Write A Comment