Убавина

Морков и лосос за сјајна коса

Една од клучните работи за убавиот изглед е убавата и здрава коса. Освен козметичките препарати наменети за нега на коса и со домашната козметика може многу да си помогнете. Освен домашно приготвените маски за коса важна е и исхраната. Јадете повеќе храна која е богата со витамини, протеини и минерали.

Лососот е богат со омега 3 масни киселини, железо, витамин б 12, токму она што и е потребно на косата.

Морковот е познат како чувар на нашите очи, но освен за нив тој е идеален за целокупното здравје, па тука се вклучува и здравјето на косата. Имено, витаминот А ја храни косата и го стимулира производството на масло кое и го враќа сјајот на косата.

Житариците се богати со хранливи материи како што се цинк, витамин Б, железо кои се пресудни за здрав и сјаен изглед на косата.

Write A Comment