Домовите кои имаат природна светлина се пријатни релаксирачки. Посвете им внимание токму на прозорците од кои светлината влегува во вашиот дом. Велат дека во домовите со поголема природна светлина има многу поголема позитивна енергија. Декорирајте ги со цветови и зеленило, ставете акцент на местото кое е задолжено за вашето расположение.
Декорацијата може да ја направите на едноставен начин, со поставување на саксии со цвеќе или пак да дозволите керативноста да излезе од вас и да го направите тоа на малку необичен начин. Во тој случај може да употребите термоси, лимени кофички, стаклени вазни во кои ќе го ставите цвеќето.














